Џој Кориген, најпозната по работата со брендот за долна облека „Викторија Сикрет“, соработувала со големи имиња во светот на модата.
Џој (26) веќе 12 години активно се занимава со манекенство, а кариерата ја започнала во Мајами.
Се појавила во едиторијалот и списанија како што се „Sports Illustrated“, „GQ“ и често била ангажирана во реклами за долна облека и бикини.
Неодамна таа со сексапилни пози во розово бикини на една од песочните плажи во Лос Анџелес пријатно ги изненадила случајните минувачи, но и папарацо фотографите кои се нашле во непосредна близина.
Џој покажала дека е вистински професионалец затоа што појавата на дополнителните камери, како и луѓето не ѝ пречеле во нејзината работа.
Манекенката мисли дека откривањето на телото не треба да биде табу-тема:
„Сакам да изгледам секси и да го покажам своето тело. Работев многу на себе за да имам вакво тело и навистина сум слободоумна околу сето ова“, изјавила таа за медиумите.