Германија ги стимулира старите лица да не возат: Вратете ја возачката дозвола и ќе добиете бесплатен јавен превоз

Супермен

24/11/2021

19:10

10.520

Големина на фонт

а а а

Властите во многу држави размислуваат како да го намалат бројот на жртви од сообраќајни несреќи. Некои кампањи кои се спроведуваат ги таргетираат младите возачи, некои проблемот со консумирање алкохол, неносење појас или користење на телефон зад воланот, но некои се наменети и за постарите возачи.

Во поединечни делови од германската покраина Баден-Виртемберг, постарите граѓани наскоро ќе можат да добијат бесплатна годишна карта за локален јавен превоз – доколку ја вратат својата возачка дозвола.


Од 1 декември постарите граѓани ќе можат да се пријават за бесплатна годишна карта за локален превоз. За да го направат тоа, ќе мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат на надлежните органи. Втор услов е да имаат престој во тој регион.

За трошоците кои произлегуваат од оваа мерка, покраината обезбедила финансии од буџетот до 3 милиони евра.

Целта на кампањата е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Имено, повеќе од една третина од учесниците во сообраќајот кои имале несреќа со смртен исход биле на возраст од 65 или повеќе години, а за 68 отсто од несреќите виновни биле токму постарите возачи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk