Самохрана мајка куќа на село преуредила како дом од сликовниците во винтиџ стил

Точка

27/11/2021

13:00

42.998

Големина на фонт

а а а

Преполна со живи и забавни бои, шарм и позитива, куќата која една самохрана мајка ја преуредила од темел сега изгледа како најслаткиот дом од фантазиите.

Ема Паркер од Англија се преселила со своите деца во куќа на фарма и ја претворила во вистинско ремек-дело.


Ема Паркер, самохрана мајка од Англија која работи во образование со деца со посебни потреби, со своите деца, 18-годишната ќерка Попи и 8-годишниот син Ралф, се доселила на имот на периферното мало село. Трособната куќа таа ја претворила во вистински топол дом во винтиџ стил за каков што сонувала да има, со многу бои и шарм кои се наоѓаат во секое ќоше од ентериерот. Во уредувањето таа користела мурали и мебел, а поголем дел од работата ја завршила сама.


Таа прво ги тргнала теписите под кои се криеле рустикални подни штици кои потоа ги офарбала со бела боја. Ема секоја просторија од домот ја направила интересна, а за боите потрошила вкупно 1.500 фунти.





Спонзорирани линкови

Маркетинг