Вкусен, сочен и едноставен за подготовка: Направете си авокадо тост кој со часови ќе ве држи сити

Точка

04/12/2021

16:45

51.336

Големина на фонт

а а а

На наједноставен начин подгответе оброк во кој ќе уживате, а воедно и долго време ќе ве држи сити.

Состојки:

- 1 авокадо

- 2 кришки тост леб

- малку маргарин

- 2 јајца

- павлака

- сол

- бибер

- лук во прав


Подготовка:

Прво потребно е да го потпечете лебот на тостер, но да не е премногу мек, ниту тврд. Потоа, со маслиново масло запржете ги јајцата, така што жолчките може да се разлеат.

Потоа, премачкајте ги кришките со една лажица павлака, а потоа кога ќе го отворите авокадото, пресечете го на парчиња и стевете го врз лебот.

Ставете ги пржените јајца врз кришките леб, каде што претходно сте ставиле зачини.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг