Видео: Редок „Porsche“ автомобил поминал 15 години закопан во градина, сега се продава

Супермен

18/01/2022

16:00

14.132

Големина на фонт

а а а

Претходно пишувавме за гробиштата на автомобили, како и неверојатните примероци кои со години биле „скриени“ во запуштени гаражи (складишта).

Ова ретко порше „Porsche 912“ немало таква среќа затоа што поминало најмалку 15 години закопано во градина во една куќа во Кардиф, Велика Британија.

Германскиот спортски автомобил е спасен со помош на екипата од Јутјуб каналот „The Late Brake Show“ и за чудо се наоѓа во пристојна состојба - подготвен за продажба.

Градина полна со тајни

Со оглед на времето поминато таму, на автомобилот се видливи траги од 'рѓа, но тоа не е сè.

Единствено што не поседува овој автомобил е оригинален мотор (1.6-литарски четирицилиндарски) затоа што своевремено бил модифициран со моќен 1.7 агрегат.

Да напомниме дека во градината не било пронајдено само „Porsche“, туку и други интересни примероци.

Понатаму нема да откриваме и ве оставаме да погледнете во видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk