Најблиска средба: Астероид широк еден километар ќе прелета покрај Земјата вечерва во 22:50 часот

Точка

18/01/2022

21:19

39.670

Големина на фонт

а а а

Астероидот за кој се проценува дека е широк околу еден километар, ќе прелета вечерва покрај Земјата.

Според наводите на Центарот за проучување на објекти во близина на Земјата на НАСА, кој следи потенцијално опасни комети и астероиди кои би можеле да се судрат со нашата планета, астероидот ќе мине на оддалеченост од околу 1.9 милиони километри од Земјата.

Астероидот е познат како 7482 (1993 PC1), а откриен е во 1994-та година, соопштила НАСА, пренесува "CNN".

Не се очекува тој да ја погоди Земјата, но ова е најблиску што ќе е приближи до Земјата во наредните два века, покажуваат проекциите на НАСА.

Астероидот ќе биде најблиску до Земјата во 22:51 часот по наше време.

Покрај 7482 (1993 PC1), уште три астероиди ќе минат денеска покрај Земјата, наведува НАСА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг