Германската влада јавно го осудила возачот на Бугати кој возел со 414 километри на час

Точка

20/01/2022

20:08

45.920

Големина на фонт

а а а

Само затоа што можете да постигнете непристојно големи брзини на автопатот, не значи дека тоа треба и да го правите.

Кон крајот на минатата година германските медиуми пишуваа за "Bugatti Chiron" кој на германски автопат се движел со брзина повисока од 400 километри на час.

Јавноста дознала за тоа кога сопственикот и возачот, чешкиот милионер Радим Пасер, на Јутјуб објавил снимка од возењето.

Како што навел Пасер, овој "тест" бил изведен на една од поквалитетните делници на автопат со три ленти, при низок интензитет на сообраќај, на насока од 10-тина километри, со што сугерира дека биле преземени мерки за претпазливост за да не биде загрозена безбедноста.

Меѓутоа, германското Министерство за сообраќај не се согласува дека возење со толку голема брзина може да биде безбедно и јавно го критикувало чешкиот милионер.

Министерството во соопштение кое го објавило "AP" навело дека "го осудува секое однесување на патиштата кое доведува или може да доведе до загрозување на учесниците во сообраќајот".

"Сите учесници во сообраќајот мора да се придржуваат до правилата", се наведува во соопштението.

"Само затоа што делови од автопатот немаат поставено ограничување на брзината не значи дека можете да возите брзо колку што сакате", велат од министерството.

Во описот на видео-снимката Пасер рекол дека безбедноста била приоритет во текот на возењето.

Како што навел, делницата со три ленти пружала добра видливост.

Министерството за сообраќај, меѓутоа, укажуваа на законите кои забрануваат опасно возење, па дури и на авто-пат без ограничена брзина.

"Секој што учествува во сообраќајот мора да се однесува така што ниедно друго лице нема да биде повредено, загрозено, попречено или вознемирено повеќе од тоа што е неизбежно во дадени околности", се наведува во клаузулата на законот.

Законот исто така им наложува на возачите дека иако возат брзо, тоа мора да биде така што "возилото е цело време под контрола".

Поради ваквите видео-снимки, се погласни се барањата во Германија да се воведе општо ограничување за брзината на автопатите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг