Не само што актерката смело ја носела оваа модна комбинација, туку во неа изгледала божествено и свежо.
Женските одела се вистински хит во изминативе години, а меѓу најефектните се оние во различни розови нијанси.
Розовите одела не се никаков новитет во светот на модата – кралицата Летиција и Кејт Мидлтон со години често ги носат, но очигледно дека истите никогаш не биле попопуларни од денес.
Тамара Драгичевиќ носела розово одело на посебен начин.
Ѕвездата од филмот „Тома“ на својот Инстаграм профил споделила фотографија на која позира во тренд комбинација – спој на струкиран блејзер и длабоки панталони, а тоа го комбинирала на начин кој бил многу ефектен.
Тамара на своето одело му додала и црно-бела кошула со зебра принт, модел на класичен дизајн со пошироки крагни.
Иако ваквиот дезен вообичаено се користи со неутрални тонови, доколку сте модно смели, зебрестиот дезен изгледа уште повпечатливо со посилни нијанси на бои, а актерката сето тоа го „зачинила“ на уште поинтересен начин – тегет-бели патики за трчање.
Се верува дека „виновникот“ за величествените розови комплети во деловниот стил е Џеки Кенеди која започнала да ги носи како дел од модната куќа „Шанел“.

Набрзо потоа почнало произведувањето на розовите одела кои главно биле резервирани за жени кои немаат проблем со својата самодоверба.











