Ѕвезда на Шарлот заработи исклучување, па со штитникот за заби погоди млада девојка на трибините

Дерби

14/04/2022

13:50

11.466

Големина на фонт

а а а

Шарлот Хорнетс немаше одговор за Атланта Хокс во плејин пресметката во НБА лигата, односно поразот од 132-103 значеше крај за сезоната за екипата на којa е во сопственостна легендарниот Мајкл Џордан.

Гостите беа нервозни поради случувањата на теренот, па во еден момент еден од нивните најважни играчи Мајлс Бриџис се исклучи по одлуката на арбитрите, бурно реагираше и беше исклучен. На патот до соблекувалната бесниот Бриџис го извади штитникот за заби и со него погоди една девојка од трибините.

За овој потег сигурно ќе санкциониран, но добро е што Мајлс сфати што направи и преку социјалните мрежи побара помош да ја пронајде девојката за да и се извини притоа порачувајќи дека неговиот потег е неприфатлив.