Почина легендарниот возач на Формула 1: Беше ментор на Шумахер, легендарниот возач на "Ferrari" загина додека го претекнуваше

Точка

05/05/2025

13:41

5.752

Големина на фонт

а а а

Тажни вести пристигнуваат од Германија — на 78-годишна возраст почина прославениот поранешен возач на Формула 1 и победник на трката „24 часа Ле Ман“, Јохен Мас. Семејството на славниот Германец, роден во Дорфен, Баварија, соопшти дека тој починал во Кан, како последица на мозочен удар кој го доживеал претходно оваа година.

„Со тешко срце мораме да соопштиме дека Јохен Мас денес почина од компликации по мозочниот удар што го доживеа во февруари“, се вели во изјавата на семејството.


Мас ја започна својата Формула 1 кариера во 1973 година, возејќи за тимови како Форд, Мартини, Порше, Заубер и Прајс. Единствената победа во Гран при ја оствари 1975 година во Шпанија, а во 1982 година премина на трки за издржливост, каде што постигна многу поголем успех. Кулминацијата на таа фаза од кариерата му беше триумфот на Ле Ман во 1989 година.


Во Формула 1 има една победа и осум пол-позиции, но неговата кариера ја обележаа и неколку тешки инциденти. Така, токму на трката во Шпанија каде што победи, натпреварот беше прекинат по само 29 од 75 круга поради страшна несреќа на Ролф Штомелен, при што загинаа четворица гледачи.


Несреќно, Мас останува запаметен и по трагичниот инцидент на 8 мај 1982 година во Золдер, кога Жил Вилнев, култниот возач на Ферари, загина додека се обидуваше да го претекне Мас во квалификациите за белгиското Гран при.


По завршувањето на возачката кариера, Мас стана коментатор на германската телевизија "RTL", и подоцна активно учествуваше во настани со музејски примероци на Мерцедес. Познат е и како ментор на млади таленти, меѓу кои и Михаел Шумахер, кому му помогна на самиот почеток од кариерата.