(Фото) „Крвавата Месечина“ блесна на небото: Погледнете како изгледа една од најубавите сцени која се „одигра“ на небото

Точка

16/05/2022

15:00

33.846

Големина на фонт

а а а

Оние кои стануваат рано, една од најубавите небесни сцени можеле да ја видат со свои очи, утрово меѓу 4:30 и 5:30 часот, а за останатите тука се фотографиите од црвениот спектакл на хоризонтот.

Во единственото полно помрачување на Месечината годинава, Земјата дошла меѓу Сонцето и Месечината, а паѓајќи целосно во Земјината сенка, Месечината полека затемнувала за на крај да стане темноцрвена.

Сцената била видлива со голо око пред зората, во понеделник во поголемиот дел од Европа, додека пак во Америка небесниот спектакл можел да се види порано вечерта.

Pomrčina Mjeseca u ranu zoru s otoka Lošinja.

Posted by Hrvatski astronomski savez on Sunday, May 15, 2022

На следното целосно помрачување на Месечината треба да чекаме до 2025 година, но ниту тогаш таа нема да се гледа цела, изјавиле од Хрватскиот астрономски сојуз во соработка со кој во одредени астрономски друштва и други организации, било организирано јавно следење на ова помрачување.

Месечината изгледала поголема од вообичаено затоа што била на најблиска точка до Земјата, па оттаму и името супермесечина. На северната Земјина хемисфера полната Месечина често се нарекува и цветна Месечина поради тоа што се поклопува со пролетните цветови.


„Единствената сончева светлина која дошла до Месечината во текот на целосното помрачување, поминала низ Земјината атмосфера. Тоа светло било крваво црвено, од заоѓањето и изгревањето на Сонцето кое се рефлектира на Месечевата површина“, објаснил претходно Грегори Браун, астроном од Кралскиот опсерваториум во Лондон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг