Прво сослушување за феноменот НЛО во последните 50 години – прикажани се и видеа: „Тајното друштво во Пентагон крие докази“, тврдат експертите

Точка

18/05/2022

13:41

34.647

Големина на фонт

а а а

Соопштено е дека војската не воспоставила комуникација со непознатите летала, ниту пак пукала во нив.

Претставниците од воено-безбедносните кругови сведочеле пред Конгресот во САД и прикажале нови видеа од неидентификувани летечки објекти. Станува збор за првото сослушување за феноменот НЛО во последните 50 години.

Материјалот го изнел Скот Бреј, заменик-директор на службата за разузнавање на маринците во САД, а зборувал и Роналд Молтри, претставник од Министерството за одбрана кое ја надгледува работата на групата за идентификација на воздушните објекти.

Триаголник на небото

Едно од прикажаните видеа забележано е во 2019 година, а направено е од воен брод, со помош на ноќен двоглед и SLR камери.

Гледаме „објект во вид на триаголник“ со трепкачки светла, кој подоцна бил забележан на целосно друга локација.

„Аналитичарите се сомневаат дека станува збор за дрон“, изјавил Бреј, додека пак необичниот облик најверојатно е последица на ноќното снимање низ леќите на SLR камерите.

Необична сфера

Второто видео забележано било минатата година од кабината на борбен авион, пренесува „CNET“.

Необичната сфера на небото се гледа во дел од секунда, па тешко е да се донесат било какви заклучоци.

„Во многу од случаите имаме уште помалку информации од ова. Забележани се неколку примери каде не можевме да идентификуваме или пак да ги објасниме маневрските способности на НЛО“, изјавил Бреј.

Немало контакт

Сослушувањето во Капитол Хил било организирано 11 месеци од основањето на Групата за идентификација на воздушни објекти и синхронизација на управување.

Скот Бреј истакнува дека специјализираниот тим поседува база со податоци со над 400 извештаи. Тој додал дека војската никогаш не успеала да воспостави комуникација со непознатите летала, ниту пак да пука во нив.

Претставник од Министерството за одбрана, Роналд Молтри, објаснил дека специјализираната група има за цел да „ја елиминира култната стигма околу НЛО“ и да ги идентификува на „методичен, логичен и стандарден начин“.


Кој крие информации?

Покрај новите видеа, Конгресот во САД и светската јавност не дознале премногу информации за феноменот кој со децении го привлекува вниманието.

Од друга страна пак, неименуван претставник тврди дека во Пентагон постојат поединци кои се трудат да скријат многу интересни информации од јавноста.

Експертот од разузнавачките кругови навел во интервју за „Politico“ дека споменатите својата мисија ја сфаќаат за многу сериозна.


„Тие го фетишизираат своето тајно друштво, но немаат никаква одговорност. Има група од нас кои ј познаваме оваа тема, а многу детали не се пријавени во Конгресот поради безбедносни причини“, изјавил извор за „Politico“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг