Брус Вилис за првпат фотографиран во јавноста по објавата дека се повлекува од актерството поради болест

Точка

18/05/2022

16:42

7.572

Големина на фонт

а а а

Актерот Брус Вилис бил фотографиран во еден ресторан во Калифорнија, по долгото изолирање од јавноста.

Вилис ручал на терасата со свој пријател и не се обѕирал премногу на фотографите. Тоа било првпат актерот да е фотографиран во јавноста откако неговото семејство објави дека се повлекува од актерството поради болест.

Легендарниот актер пати од афазија, здравствена состојба која влијае на когнитивните способности.


Холивуд, па и целиот свет остана шокиран од ваквото сознание, а во јавноста постојано „испливуваат“ нови информации.

Како што претходно открија пријателите на актерот, тој веќе долго време се подготвувал за напредокот на болеста, односно влошување на состојбата, па така го продал својот имот во вредност од 65 милиони долари.


„Брус веќе долго време се подготвува за овој момент. Знаеше дека здравствената состојба ќе му се влоши и дека ќе дојде време кога неговата заработка нема да биде толку голема како некогаш. Исто така, знаеше и дека бројните имоти и станови нема да му бидат потребни и наместо тоа ќе мора да живее во сигурно семејно опкружување“, изјавил извор за „Page Six“ и додал:


„Со оглед на тоа дека продаде поголем дел од својот имот во последните неколку години, очигледно е дека веќе подолг период се подготвувал за тоа дека ќе мора да го поедностави својот живот“.

Инаку, Брус во 2018 година го продаде луксузниот пентхаус кој се наоѓа покрај Централ Парк во Њујорк, по цена од 17,7 милиони долари. Во 2019 година, Вилис и неговата сопруга го продадоа својот имот во Вестчестер за 7,66 милиони долари, а потоа го продаде и имотот на островите Туркс и Кајкос за 27 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk