Оваа Лада се продава по цена од 130.000 евра, а кога ќе видите како изгледа сè ќе ви стане јасно

Супермен

18/05/2022

20:32

10.756

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните модели во поранешна Југославија не се сметаше за спортски автомобил – Лада Рива имаше некои други доблести, но овој конкретен примерок е вреден за внимание.

Сопственикот на оваа Лада Рива односно на „VAZ 2105“ како што гласи фабричкатa ознака, е Федор Воробјев, еден од најдобрите дрифтери во Русија кој со својата Лада со години успешно настапува и секогаш е на самиот врв на натпреварите.

Воробјев неодамна одлучил да го продаде возилото, а истакнатата цена од неверојатни 137.000 евра ги изненади и најголемите љубители на дрифтот.


Не треба да се оспорува фактот дека во неговиот тјунинг е вложено многу пари, труд, знаење и време, но цената сепак се чини превисока.

Главно, оваа Лада Рива речиси и да нема допирни точки со фабричкиот модел. Единствената несомнена врска е обликот на каросеријата, додека речиси сите елементи на механиката и внатрешноста се заменети со тркачки.


Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски турбобензинец со дури 610 коњски сили и 800 Nm, а како изгледа оваа Лада во „акција“, погледнете во видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk