НБА кошаркар брутално ја претепал сопругата пред децата, таа објавила фотографии од повредите: „Не можам повеќе да молчам“

Точка

02/07/2022

17:50

17.722

Големина на фонт

а а а

НБА ѕвездата и играч на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис, брутално ја претепал својата сопруга Мишел Џонсон.

24-годишниот кошаркар бил уапсен во Лос Анџелес поради напад врз жена, а подоцна се утврдило дека ја претепал сопствената сопруга.

Џонсон објавила фотографии од повредите на социјалните мрежи, а во описот на истите напишала:

„Жал ми е што дојде до ова, но не можам повеќе да молчам. Дозволив некому да ми го уништи домот, да ме понижува на секој можен начин и да ги истрауматизира нашите деца. Нема повеќе да го дозволувам тоа, а ниту молчењето на луѓето околу него кои го штитат“, напишала Мишел и додала:


„Моите деца заслужуваат подобро. Не сакам повеќе никому да му се повтори ова. Го направи тоа пред децата кои се преплашени. Сакам само мир“.

Бриџис платил 130.000 долари кауција и е на слобода, а на социјалните мрежи веќе се појавија петиции во кои се бара кошаркарот на Хорнетс повеќе никогаш да не заигра во било која НБА екипа.