(Видео) Рецепт за најмеки и највоздушести мекици без квасец

Точка

01/08/2022

21:32

24.367

Големина на фонт

а а а

Направете одлични мекици без квасец со состојки кои веќе ги имате дома.

Мекиците се вкусно печиво кое можете да го јадете со солени или слатки прилози, бидејќи одлично одат во комбинација со чаша јогурт и крем сирење, како и со домашен џем.

Сите состојки кои ви требаат ги имате дома, па не мора да одите ни до продавница.

Исклучително вкусни, меки и воздушести – не постои човек кои ќе ги одбие.

Потребни состојки:

- 350 гр. брашно
- 10 гр. прашок за печиво
- 1 лажиче сода бикарбона
- 225 мл. ладно млеко
- 2 рамни лажички сол
- 12 мл. масло

Начин на подготовка:

Измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата и солта и постепено додавајте млеко.

Соединете ја смесата, па додајте го и маслото.

Замесете тесто и покријте го, па оставете го да отстои 40 минути.

Потоа премесете го тестото, завиткајте го во проѕирна фолија, па оставете го да одмори 4-5 часа на собна температура или ставете го во фрижидер преку ноќ.

Расукајте го тестото со прсти или со сукало, на 1/2 см дебелина, па исечете ленти. Потоа земете стапче за раженчиња и малку намокрете го.

Со стапчето притиснете по средината на секоја лента од тестото, а потоа ставете две ленти една врз друга и повторно притиснете на средината.

Вака подготвените мекици пржете ги на загреано масло.