Фотографии од убавицата која се соблекува пред 26 години постариот славен пејач привлекоа големо внимание: Ја завел кога имала само 18 години...

Супермен

09/08/2022

23:46

22.642

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели и неговата втора сопруга Вероника Берти, се заљубени како и првиот ден.

Новите провокативни фотографии од нивниот одмор потврдуваат дека не можат еден без друг.

Сопственикот на еден од најубавите гласови на светот, италијанскиот тенор Андреа Бочели (63), моментално ужива во друштво на својата сопруга Вероника Берти (38) на луксузна јахта.


Иако на јахтата владее семејна атмосфера, судејќи по папарацо фотографиите забележани пред неколку денови, Бочели и Вероника понекогаш не можат да ги запрат страстите и се однесуваат како на почетокот на нивната врска.

Имено, тие биле „уловени“ како се масираат еден со друг на јахтата, се соблекуваат еден пред друг, а папарацо фотографите ја фотографирале Вероника во непријатен момент кога нејзиниот сопруг се качувал на јахтата. 


Инаку, Андреа ја завел својата сопруга кога таа имала само 18 години, а тој 44. Разликата меѓу партнерите е 26 години.

И двајцата признале дека веднаш при запознавањето сфатиле дека се создадени еден за друг и веднаш првата ноќ ја поминале заедно во хотел.

Парот се запознал во 2002 година, на некоја забава, а Бочели набрзо потоа истата година се развел од првата сопруга Енрика Цензати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk