(Видео) Не е Фотошоп – ова е најширокиот автомобил на светот!

Супермен

21/09/2022

16:15

5.953

Големина на фонт

а а а

„Volkswagen“ во Кина продава „Lamando L“, спортска верзија од тамошниот „Jetta“, како што е „Arteon“, поатрактивното издание на „Passat“ во Европа.

„Lamando“ се промовира како комфорно возило, но корисник на ТикТок мисли дека тоа не е доволно.

Затоа се одлучил за преработка за да добие своевидно XL издание на „Lamanda“. Всушност, станува збор за зголемување од 5XL, што му е и официјалното име.

И да, овој автомобил навистина постои, а тоа го потврдуваат и бројните видеа кои корисникот ги споделил на ТикТок.

Автомобилот е проширен од едната бочна страна, но задржана е симетричноста на каросеријата.

Единствено отворено прашањето е како е конципиран погонот.

Судејќи по брзината со која се движи на видеото, тоа поглавје можеби и не е целосно апсолвирано.

Интересно е тоа што автомобилот „пораснал“ исклучително во ширина, и тоа речиси двојно.

Од стартните 1831 милиметри ширина, автомобилот сега има речиси три метри должина.

Погледот во кабината открива дополнителни седишта одзади, па капацитетот е осум патници.

Сопственикот тврди дека без никаков проблем во кабината може да се возат и 10 лица.

Поимот „widebody“ во овој случај навистина добива нова смисла.

Како и да е, мора да признаеме дека модификациите се изведени ефектно.

Човек би помислил дека „Lamando 5XL“ пристигнал директно од фабрика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk