„Боже, таа е толку хардкор“: Поранешната девојка на Илон Маск првпат сподели фотографија од нивната ќерка

Супермен

21/09/2022

16:25

4.211

Големина на фонт

а а а

Пејачката Грајмс сподели ретка фотографија од нејзината ќерка, 2-месечната Exe Dark Sideræl Musk.

Пејачката, со вистинско има Клер Бучер, објави фотографија од своето 2-месечно бебе како посегнува по книга.

Објавувајќи ја фотографијата на Твитер, Грајмс порачала: „Мојата ќерка танцува на техно музика врз копијата на „Раѓањето на трагедијата“ од Ниче - каква кралица“.

Под фотографијата, 34-годишната пејачка исто така додала дека нејзината ќерка има наклонетост кон германски ди-џеј, додавајќи: „Таа го сака Борис Брејч. Боже, таа е толку хардкор“.

На почетокот на оваа година, Грајмс објави дека таа и директорот на Тесла, Илон Маск, добиле син во декември, 2021 година, со помош на сурогат мајка.

Парот исто така има 2-годишен син со уникатно име, X Æ A-12, иако, поради локалните закони, морале да го променат во X Æ A-XII, користејќи римски броеви.

Оваа објава на пејачката доаѓа откако неодамна сподели фотографија после нејзината мистериозна операција. Претходно изјави дека има голема желба да оди на операција на ушите, „за да личи на елф“, но не откри дали станува збор за тој хируршки зафат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk