Славниот фудбалер никогаш нема да го препознаете: Денес има густа брада и вишок килограми, а некогаш доминирал во Премиер лигата

Супермен

22/09/2022

19:16

7.848

Големина на фонт

а а а

Во богатата кариера играл за Ајакс, Марсеј, Рома, Тотенхем, Вест Хем, а денес Ахмед Хосам Хусеин Абделхамид, попознат како Мидо, изгледа целосно поразлично.

Последниве години, сè повеќе поранешни фудбалери по завршувањето на своите кариери станале непрепознатливи. Добар пример за тоа е некогашниот српски напаѓач Даниел Љубоја, но уште еден голгетер сега стигнал во оваа категорија.

Сериозните познавачи на Премиер лигата и ден-денес одлично паметат каков играч бил Мидо.

Египќанецот Ахмед Хосам, попознат по краткиот прекар, некогаш играл за Тотенхем и Вест Хем, а денес изгледа непрепознатливо.

Некогашната ѕвезда на египетскиот фудбал крајот на кариерата го означи во 2013 година, а тогаш имаше само 30 години, но човекот кој уште пред фудбалските денови благодарение на семејството стекна големо богатство, одлучил дека му е доста од фудбалот.

Следел период на уживање, во текот на кој Мидо не работел ништо. Килограмите почнале да се „лепат“ за неговото тело, па Египќанецот брзо достигнал тежина од 150 килограми.

Овој неверојатен „успех“ го натерал Мидо да сфати дека така повеќе не може да живее и дека мора да направи радикални промени.

Успеал да изгуби 50 килограми, па сега се вратил на здравата тежина. Популарниот фудбалер денес и натаму има вишок килограми, но тоа не е ништо во споредба со претходно.

Сепак, факт е дека многумина не би го препознале, некогаш бил уреден, а денес има густа брада и вишок килограми кои го смениле неговиот изглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk