Столица-ковчег е новиот хит на интернет: „Кога вработениот ќе почине на работа, другите треба само да го затворат капакот“

Супермен

23/09/2022

15:14

4.879

Големина на фонт

а а а

Дали оваа идеја ви звучи бизарно? Еве што велат дизајнерите...

„Дали сте некој којшто апсолутно ја презира својата безнадежна работа во корпорација? Тогаш овој стол би можел да биде за вас“, пишува yankodesign.com.

Направен во облик на ковчег, овој дрвен стол неодамна го освои интернетот. Корисник на Твитер на 7 септември ја споделил веста за овој стол, а сите на кои им е преку глава од работа се пронашле во објавата.

Дизајнерот на столот одредено време бил целосна мистерија, но потоа бил откриен.

Станува збор за „Chairbox Design“ со седиште во Лондон.

„Кога вработениот ќе почине на работа, менаџментот само треба да го затвори капакот и да го однесе на корпоративните гробишта. Едноставно, но ефикасно“, вака дизајнерите го опишуваат овој несекојдневен, а можеме да кажеме и бизарен стол.

Столот е направен од резбано дрво и прилично потсетува на традиционален ковчег, меѓутоа внатрешноста исто така е од дрво. Значи, не постои удобно перниче или сунѓер, така што ќе може убаво да се сместите, но ова парче мебел без сомнеж е алузија на состојбата со работниот свет во 21-ви век.

Особено се напоменува дека цело тоа дрво дава одлична лумбална поддршка. Столот може да се купи во различни нијанси на кафеава боја, од светла до темна.

Исто така имало многу шпекулации за потеклото и влијанието на овој стол-ковчег.

Се чини дека е инспириран од сликата на Рене Магрит со име „Балкон“ (1950 година). Сликата подразбира четири ковчези на балкон, а еден од нив е стол-ковчег на кој седи жена.


Оваа слика е основана на истоименото дело на Едуард Мане од 1869 година.

Концептуалната столица-ковчег совршено ги претставува сите ужасни емоции кои вработените ги чувствуваат во текот на работниот ден.

„Тоа го одржува чувството на пропаст кој некој го доживува затоа што мора да седи на уште еден бесмислен состанок“, се додава во текстот во кој е опишан столот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk