(Видео) Снимка од разговор за работа станала вирален хит: „Недела не е ден за работа, туку за натпревари“

Точка

19/10/2022

16:49

8.479

Големина на фонт

а а а

„На постарите луѓе им изгледа дека ние сме мрзеливи бидејќи не сакаме да минуваме низ тоа што минувале тие, но во игра се повеќе фактори. Многу работодавци не ги ценат своите работници и не ги плаќаат доволно, па поради тоа младите луѓе имаат се помалку фактори за лојалност кон нив“, објаснува Рос.

Снимката од он-лајн разговорот за работа на 22-годишниот музичар Џастин Рос од САД во кратко време станала вирален хит на ТикТок. Рос, инаку познат под прекарот „Hey9letters“, што е неговото уметничко име, се откажал од разговорот кога сфатил дека станува збор за работа која опфаќа и недела.

Но, не само што се откажал, туку тој на сред интервју го исклучил видео-повикот без поздрав.

„Кажавте дека ова е работа и за преку викенд?“, прашува Рос.

„Да“, му одговара жената која го води интервјуто за работа.

„Може. Тоа ми одговара“, вели Рос додека истовремено го гаси повикот, одненадеж и без поздрав.

Во описот на снимката која ја објавил пишува „Ред Зоун е поважен“. Со тоа Рос алудирал на емисијата која во недела преку целиот ден следи НФЛ натпревари. Својата постапка ја објаснил во разговор со „NBC“.

„На постарите луѓе им изгледа дека ние сме мрзеливи бидејќи не сакаме да минуваме низ тоа што минувале тие, но во игра се повеќе фактори. Многу работодавци не ги ценат своите работници и не ги плаќаат доволно, па поради тоа младите луѓе имаат се помалку фактори за лојалност кон нив“, објаснува Рос.

Снимката собрала и значаен број на коментари, некои се смееле, а припадниците на постарите генерации го критикувале Рос и неговата генерација, пренесува „večernji.hr“.