Балансот меѓу работните обврски и приватниот живот сè повеќе се истакнува како важен фактор за живот.
Би требало да мислите и за тоа дека додека сонувате за преселување во земја која е идеална за живот затоа што некогаш некои работи не се баш како што нам ни изгледаат дека се.
Постигнување идеална рамнотежа не е едноставно, особено кога го имаме предвид начинот на трошоци и живот во големите градови.
Доколку ве интересира кои народи успеваат најдобро да се вклопат во својата работа и слободното време, погледнете ги резултатите на новата студија во продолжение.
Параметрите кои се земени предвид при рангирањето на земјите вклучуваат просечен број на работни часови седмично, должина на годишен одмор, процент на жители кои имаат свој стан, должина на животниот век и чувство на среќа кај испитаниците во секоја земја која е опфатена во ова истражување.
По сите тие критериуми на врвот на листата се најде Луксембург, меѓу другото и благодарение на системот во којшто работодавците ги наградуваат вработените со повеќе годишен одмор колку што се постари.
Така работниците постари од 55 години во оваа земја во просек имаат 36 денови платен годишен одмор.
Во Австрија и Данска кои го заземаат второто односно третото место, работници имаат минимално 25 денови платен годишен одмор, а погледнете ја цела топ 10 листа на земји чии жители очигледно најмногу уживаат во животот:
1. Луксембург;
2. Австрија;
3. Данска;
4. Норвешка;
5. Шведска;
6. Финска;
7. Франција;
8. Белорусија;
9. Холандија;
10. Швајцарија.
Велика Британија го зазема 17 место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно висок животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците навеле дека спијат во просек по 7,5 часа во текот на ноќта, што е добар резултат.
Интересно е тоа што САД се нашлe на 87 место, меѓу другото и поради тоа што работниците воопшто не се гарантирано платени за годишниот одмор, а дел од популацијата е незадоволнa со квалитетен сон во текот на ноќта.
Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се исклучително лошо рангирани поради тоа што работниците во сите три земји во просек работат по 46 часа неделно.
Со оглед на тоа што нивното работно време е значително поголемо би очекувале дека тие ќе добијат повеќе слободно време, меѓутоа тоа воопшто не е случај затоа што во Кина добиваат само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.