Крај на една ера, збогум и благодарам за 40-те години: Култниот магазин за компјутери го „гаси“ и својот дигитален формат

Супермен

01/12/2022

16:13

4.929

Големина на фонт

а а а

По 40 години постоење, при што дигиталната форма постои од 1994 година, донесена е одлука „PC Magazine“ да престане со работа.

Магазинот посветен на компјутерите – „PC Magazine“ престана да се печати во сега веќе далечната 2008 година. Поточно, последното издание било публикувано во 2009 година.

Меѓутоа, магазинот го задржал својот дигитален формат – сè до сега.


Имено, по 40 години постоење, при што дигиталната форма постои од 1994 година, донесена е одлука „PC Magazine“ да престане со работа за што се огласила и уредничката на магазинот, Керол Менгис.

„Збогум и благодарам за 40-те години“

...Вака Керол го нарекла својот нов уреднички збор во којшто се збогувала од верните читатели.

„На читателите овој вовед им е малку поразличен поради тоа што е последниот којшто го пишувам. По ова издание, престануваме со работа со дигиталното издание на PC Magazine. Колку и да уживавме во вниманието на полнење со негови содржини и ги претставувавме нашите приказни на визуелно највпечатливи начини секој месец, тешко е да се натпреваруваме со непосредноста која може да се пласира на мрежите. Затоа донесовме одлука дека целосно го пренасочуваме фокусот на „PCMag.com“.


Се надевам дека ќе ни се придружите таму за да ги пронајдете рецензиите, светот за купување, приказните за упатствата и советите, како и вестите кои ги сакате за технологија...“.

Инаку, „PC Magazine“ се прослави во рамките на дигиталната медиумска компанија „Ziff Davis“ од Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk