Иако денес не можеме да го замислиме денот без мобилен телефон и сè што имаме на него, некогаш тој служеше само за повици и СМС пораки и имаше по некоја забавна ставка.
Едно од нештата за разонода на старите мобилни беа игрите, помеѓу кои најпопуларна беше „Snake“ која многумина ја играа на „Nokia“.
„Nokia“ беше телефон кој повеќето го имаа, а со напредокот на технологијата речиси се заборави и легендарната игра.
Но, се чини дека креаторот на „Snake“, Танели Арманто, ги послушал желбите на многумина и ја направил играта достапна и за паметните телефони. Нејзиното име е „Snake '97: retro phone classic“, а истата може да се симне на телефоните со „Android“ и „iOS“ оперативен систем.
Играта изгледа речиси идентично како и оригиналот и е вистинско изненадување за сите кои обожуваа да играат „Snake“ пред појавата на паметните телефони.