Бродска компанија забрани превоз на електрични автомобили на своите траекти

Супермен

24/01/2023

12:17

5.017

Големина на фонт

а а а

За работите да бидат уште поинтересни, станува збор за компанија од Норвешка, земја која е светски лидер во електрификација на возниот парк.

Ова е одлука која со месеци „висеше“ во воздух, особено по последната голема несреќа во која бродот „Фелисити Ејс“ кој пренесуваше повеќе од 4000 нови автомобили, потона поради пожар кој бил невозможно да се изгасне.

Станува збор за електричните автомобили и големите проблеми во гасење на пожарите на такви возила.


Веројатноста за пожар не е поголема отколку кај автомобилите со бензин или дизел мотори, но гаснењето на пожарите е многу покомплицирано. Токму поради тоа многу сопственици на бродови размислуваат за воведување забрана за превоз на електрични возила, барем додека не се извршат неопходните модификации на бродските системи за противпожарна заштита.

Првата шпедиција која одлучи да забрани превоз на електрични автомобили е „Хавила Киструтен“, а доаѓа од Норвешка, земја која го држи светскиот рекорд со најголем удел во продажба на електрични автомобили на пазарот на нови возила.

Забраната се однесува и на хибридите, но и на сите возила со погон на водородни горивни ќелии. За сите нив е забранет траектниот сообраќај на туристичката релација Киркенес-Берген.

Како причина, компанијата го наведува фактот дека пожарите на електричните автомобили на бродовите се исклучително опасни, особено што екипажот не е обучен ниту опремен за такви специјални акции на гаснење.


Покрај специјалната опрема, потребни се и многу поголеми залихи на вода за гаснење на пожарите - пожар на автомобил со дизел или бензин мотор може да се изгасне со помалку од 4000 литри вода, додека за гаснење на пожар на електричен автомобил се потребни повеќе од 45.000 литри вода.

„Знаеме колку е важен транспортот на возила за луѓето долж брегот и за патниците, но одлуката се заснова на нашата безбедносна проценка. Заклучокот од анализата на ризик покажува дека евентуалните пожари во возилата со фосилни горива би можеле да се изгаснат со помош на системите што ги имаме на бродот и со помош на екипажот“, вели Бент Мартини, директор на компанијата, и додава:

„Евентуален пожар на автомобили на електрични, хибридни или водородни горивни ќелии бараат надворешни противпожарни единици и може да ги загрози луѓето на бродот како и самиот брод“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk