Пензионерските денови за Федерер се чист гламур: Шетал низ Париз, седел покрај Ана Винтур и – изгледал неверојатно

Супермен

24/01/2023

19:12

4.836

Големина на фонт

а а а

Рожер Федерер со својата сопруга Мирка присуствувал на модната Недела во Париз, а за таа прилика седел покрај славната Ана Винтур.

Во текот на модната Недела во Париз се појавил и Рожер Федерер во придружба на својата сопруга Мирка. Парот присуствувал на ревијата на модната куќа „Шанел“, а за таа прилика тие седеле покрај славната Ана Винтур и филмскиот режисер Баз Лурман.

Инаку, минатата година Рожер Федерер одлучил да се пензионира и за таа прилика ја доби титулата на еден од најбогатите пензионери.


Очигледно дека мирниот живот му годи, затоа што Рожер изгледал неверојатно згодно, одморено и задоволно додека шетал во своето сиво одело комбинирано со бела кошула.

Мирка носела црно-бела долга јакна и изгледала исклучително скромно додека седела во првиот ред во текот на модната ревија.

Да ве потсетиме, Мирка од почетокот на кариерата на тенисерот била покрај него, додека пак својата кариера на професионална тенисерка ја занемарија. Таа родила четири деца и секогаш се трудела со Рожер да оди на сите турнири, а и денес тие се неразделни.


„Мирка често ја опишуваат како сила која се наоѓа зад тронот“, се пишуваше додека поранешниот тренер на Рожер во интервју за „NYT“ нагласил дека и покрај родителските улоги „Мирка Федерер и тоа како има влијание на кариерата на славниот сопруг“.


А, очигледно е дека тоа влијание не се намалува ниту кога тенисерот е во пензија. Дали се „крчка“ некоја нова соработка, можеби поврзана за модата, договори и спонзорства – останува времето да покаже.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk