Која е мистериозната докторка Маријана? По нејзиниот третман Новак го продолжи своето учество во Австралија – еве во што е тајната

Супермен

27/01/2023

17:06

10.174

Големина на фонт

а а а

Маријана Ковачевиќ стана позната како докторка која им помага на најголемите ѕвезди во спортот, брзо да закрепнат и што побрзо да се вратат на терен.

Најнов на списокот на лицата на кои им помогнала е Новак Ѓоковиќ. Докторката Маријана дури се наоѓа и во тимот на Новак во Мелбурн од каде ги следи натпреварите, а причината за тоа е фактот што токму таа му помогнала за да остане на Австралија опен.

Во еден момент делуваше како Новак тешко дека ќе може да го заврши турнирот до крај, а потоа целата приказна ја вклучи познатата докторка.


Листата на спортисти кои се лекувале кај неа е долга, а само дел од нив се: Дејан Станковиќ, Енди Мареј, Алексис Санчез, Кристијано Роналдо и други.

„После моите третмани мускулот е целосно нов. Нема траги на повреди. Поради тоа што мускулот е нов – нема лузни, сенки, фиброза, нема можност да дојде до рецидив на повредата, тоа е долга ставка на револуционерната метода. По завршувањето на терапијата, се прави снимка за да се провери тоа. Значи, поентата е да се дојде до целосна регенерација на мускулот“, изјавила докторката.

После овој третман закрепнувањето значително пократко трае.


„Терапиите се толку силни што еден час терапија заменува една седмица лекување со било која друга метода на светот. Значи, доколку кажат дека мора еден месец да се мирува, јас проблемот го решавам за четири часа“, објаснила Маријана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk