Јокиќ незапирлив за Денвер, Дончиќ и Ирвинг не беа доволни за победа

Макфакс

12/02/2023

10:45

5.803

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ имаше нова незапирлива партија, отккао по 30-ти пат оваа сезона имаше трипл-дабл за да ги предводи Денвер нагетс со 119:105 победа над Шарлот, поставувајќи нов рекорд на својот тим. Со 30 поени, 16 скока и 10 асистенции, Јокиќ по 20-ти пат оваа сезона имаше трипл-дабл учинок и во сите овие мечеви Нагетси стигнува до победи.

Денвер имаше негатива од 16 поени во првата четвртина, но оваа предност се „истопи“ до полувремето, за потоа Јокиќ и Мајкл Портер Јуниор во третата четвртина да направат пресврт и да стигнат до победа. Покрај Јокиќ, Колвел-Поуп имаше 15 поени за Нагетс, а по 14 додадоа Портер и Браун, а кај Шарлот, Вашингтон со 22 и Хејворд со 21 поен беа недоволни за победа.

Далас, пак, првпат во игра со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг во исто време, загубија со 133:128 во продолженијата од Сакраменто кингс. Ирвинг имаше 28 поени и 7 асистенции, додека Дончиќ додаде 27 поени и 9 скока. За Ирвинг, кој пристигна од Бруклин нетс оваа недела, ова беше втор меч за Далас, но Дончиќ го пропушти првио поради повреда на петтата. Клучен човек за Сакраменто беше Деарон Фокс, кој 14 од своите 36 поени ги постигна во продолжението.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Филаделфија 98:101

Шарлот – Денвер 105:119

Орландо – Мајами 103:107

Вашингтон – Индијана 127:113

Атланта – Сан Антонио 125:106

Њујорк – Јута 126:120

Кливленд – Чикаго 97:89

Голден Стејт – ЛА лејкерс 103:109

Сакраменто – Далас 133:128