Бен Афлек и Мет Дејмон се пријатели уште од средношколските денови и биле и цимери, а сега во поткастот „The Bill Simmons“ откриле дека делеле банкарска сметка во доцните 80-ти години додека биле тинејџери.
„Беше необично, но нѝ требаа пари за аудиции“, изјавил Дејмон.
Афлек објаснил дека, бидејќи биле најдобри пријатели кои се обидувале да успеат како актери, си помагале еден на друг и без проблем ги делеле парите.
„Сакавме да бидеме тука еден за друг. Тоа беше како: 'Нема да бидеш сам. Нема да бидам сам. Ќе го направиме ова заедно'“, открил тој.
Сметката која ја делеле, со години се полнела со пари од улогите кои Бен и Мет ги добивале.
„Сè додека едниот од нас имаше пари, знаевме дека нема да нѝ ја исклучат струјата. По улогата во „Geronimo“ имав околу 35.000 долари во банка. Му кажав: 'Мирни сме една година'“, раскажал Дејмон.
Актерите додале и дека имале правила за земање на пари од сметката. Било допуштено користење пари за сите аудиции и 10 долари дневно за играње игри.
„На крајот си дозволивме и да се обидеме да купиме пиво, но тоа никогаш не нѝ успеа“, опишал Дејмон.
30 години подоцна, банката во која имале банкарска сметка во меѓувреме е затворена, но Дејмон и Афлек и понатаму работат заедно. Неодамна соработуваа на филмот „AIR“ кој е во режија на Бен.
„Обожувам да работам со овој тип. Обожувам да се дружам со него“, заклучил Афлек.