Алкарас победи и ја воодушеви цела Шпанија со пораката која му ја испрати на Алонсо

Дерби

29/03/2023

11:27

961

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас продолжува со своите импресивни изданија и на Мастерсот во Мајами, каде веќе се пласираше во четвртфиналето на турнирот со последната победа над Томи Пол.

Шпанскиот тенисер славеше во двата сета со идентични 6:4 и не остави никаков простор за неизвесност, а пласманот меѓу осумте најдобри го заокружи на доста интересен начин.

Алкарас го привлече вниманието на шпанската јавност со победничката порака која ја напиша на камерата, бидејќи со истата му се обрати на својот познат сонародник и легенда во мото спортот.

Фернандо Алонсо зад своето име има 32 победи во Формула 1, но начинот на кој се развива неговиот Астон Мартин ветува дека ветеранот може да стигне до нова победа во најбрзиот циркус во светот.

Ова го мисли и младиот Алкарас, кој последниот триумф реши да му го посвети на својот идол од детството.

– 33? Набрзо…



Спонзорирани линкови

Маркетинг