Помеѓу сите дневни обврски, брзањето да се стигне секаде и да се посвети време на пријателите, блиските, работата...многу често се случува се’ останато да биде приоритет, а притоа да заборавиме на себе.
Со текот на годините ни се намалува и нивото на физичка активност поради немање време или недостаток на мотивација. А има и такви, на пример постарите лица или оние кои имаат хронични заболувања, кај кои вежбањето може да предизвика и болка, што се очигледни причини кои го ограничуваат вежбањето.
На глобално ниво, околу 25 проценти од возрасните не ги исполнуваат минималните препорачани нивоа на физичка активност од 150 минути активност неделно со умерен интензитет, и 75 минути активност со силен интензитет или комбинацијата од двете.
Стануваме генерации на “седачи”, тенденција што негативно се одразува на нашето здравје!
Во услови кога повеќето од нас работат од 9 до 17 часот, а работите може да се завршат само со еден клик на компјутерот, потребни ни се алтернативни активности за подобрување на здравјето, а кои сме спремни да ги следиме.
Во обид да најдеме такво решение, ајде да видиме како топлата бања, џакузито и сауната влијаат на телото?
Според Васил Филипов, сопственик и управител на Пирин Експорт, низ човечката историја повеќе култури низ светот користеле СПА терапија за да го подобрат здравјето. А последниве децении и повеќе научни студии потврдуваат дека редовниот престој во сауна, џакузи или топла бања помага да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести - и има пошироки здравствени придобивки.
Џакузито и сауната преку топлина и подобрена циркулација, овозможуваат релаксација и лечење на телото. Можат да понудат чувство на благосостојба, како и ублажување на болката во мускулите и телото. Одлични се за намалување на напнатоста и за поминување на квалитетно време со најблиските.
Она што е интересно а истовремено и многу практично е дека постои и џакузи за кое не е потребно струја, кое функционира на дрва. Идеално за во двор и за места каде нема поврзаност со струја. Со дизајн кој ја буди имагинацијата, а за чија изведба може да се погрижи компанија Пирин Експорт докажан лидер во изведба на сауни и СПА.
За да постигнете состојба на целосно опуштање, џакузито е идеално решение, место каде „се полнат батериите“ интимно катче во кое се раѓаат нови идеи, нови размислувања каде ќе заборавите на стресот и на тривијалните нервози кои ви го преокупираат умот.
Не одложувајте повеќе, и направете го она што го сакате. Животот е премногу краток за да не уживате во него, а времето одвоено за себе е исклучително важно за физичкото и психичкото здравје.
070 393-898 / 071 268-474 info@pirinexport.com.mk
Комерцијален текст