[ВИДЕО] Семејство понело ручек за на плажа, а кога излегле од морето доживеале вистински кошмар – сцената исплашила многумина

Точка

20/06/2025

11:35

9.477

Големина на фонт

а а а

Видеото досега е прегледано над два милиони пати и добило околу 890 коментари.

На интернет се споделува видео од украинска плажа кое привлекло големо внимание во јавноста. Имено, семејството одлучило да помине ден на плажа, но наместо да се опушти и да ужива на сонцето, ги дочекало непријатно изненадување.

Во текот на викендот, едно украинско семејство се упатило до локалната плажа и си понело ручек од дома, што се докажало дека е лоша одлука.


По капењето во морето, тие се вратиле на своето место и таму ги дочекала непријатна сцена – нивната ќеса со храна ја нападнале стотина пчели.

Според видеото кое го снимила Ана Марчак, матицата се вовлекла во еден од ранците, а остатокот од ројот тргнал кон неа и целосно ја прекрил ќесата.

Огромната колонија пчели предизвикала паника кај капачите кои во страв почнале да бегаат.

Пронајдено решение

Меѓутоа, меѓу нив имало и еден човек којшто покажал исклучителна смиреност. Со картонска кутија во раката, бестрашно пришол до ранецот покриен со пчели и едноставно го однел заедно со пчелите.


Неговата храброст, но и необично однесување дополнително ги заинтригирало гледачите на видеото.

Досега видеото е погледнато над два милиони пати и добило околу 890 коментари.