Веќе некое време се зборува за конкурент на "Instagram" на "Twitter", а сега дознавме некои негови опции и како таа мрежа би требало да изгледа.
Турбулентниот период во кој влезе Твитер по преземањето на таа мрежа од Илон Маск, а кое би можело да се смири со доаѓањето на новата извршна директорка, се обидуваат да го искористат конкурентните мрежи. Во последните 6-7 месеци некои постоечки, но и нови мрежи како „Bluesky“, „Post“, „Mastodont“ се обидоа да ја искористат ситуацијата и да земат дел од корисниците на „Twitter“.
Проблемот на таквите платформи е што на нив корисниците тргнуваат од нула. Значи, повторно мора да отвораат профили, повторно да се поврзуваат со контакти и да ја градат својата репутација, иако можеби на другите мрежи имаат голем број на следбеници, односно пријатели.
Решение за сите такви корисници на кои им се допаѓа концептот на кој е базиран „Twitter“, а не сакаат да почнат од нула, има – „Instagram“. Познато е дека во оваа социјална мрежа размислуваат за нов вид на платформа која ќе биде базирана на текстуална комуникација, а благодарение на експертката за социјални мрежи Лија Хаберман, конечно дознавме како конкурентот на „Instagram“ на „Twitter“ би требало да изгледа.
Based on a (somewhat blurry) example I got, Meta's new app looks a lot like Twitter.
— Lia Haberman (@liahaberman) May 19, 2023
So, could this take over all the Twitter screenshots we've been seeing on the Feed lately? Maybe.
It’s impossible to predict how audiences will respond but this could be an alternative. pic.twitter.com/xgQa1kUjCl
Таа дошла до еден слајд од наводно промотивни маркетиншки материјали на новата платформа (во тие материјали платформата се споменува само како нова текстуална апликација за конверзација на „Instagram“), која моментално се развива под кодно име „P92“ и „Barcelona“. Изгледот на таа платформа на „The Verge“ го опишале како комбинација на „Instagram“ и „Twitter“, а таа овозможува објава на текстуален запис до 500 знаци, на кој може да се приложат фотографии, видеа и линкови.
Тоа што е посебно интересно е што оваа апликација би можела да се издвои од споменатите конкуренти бидејќи на неа корисниците ќе можат да ги пријават постоечките податоци од „Instagram“ и во неа да ги воведат сите свои податоци, вклучувајќи ги и своите следбеници. Значи, во неа нема да се почне од нула, туку со сите постоечки податоци, а апликацијата би требало да има и алатки за модерирање на содржините, односно корисниците ќе одлучуваат кој може да им одговори на објавите, додека оние кои се блокирани на „Instagram“, ќе останат блокирани и на текстуалната апликација.
На „The Verge“ се споменува и елементот на децентрализација бидејќи таа апликација би требало да е компатибилна со некои други платформи како „Mastadon“, па така корисниците на тие апликации ќе можат да пребаруваат корисници, ќе имаат пристапи до нивните профили и содржини, ако профилите им се јавни.