Како точно ќе функционираат црните кутии кои ќе бидат дел од сите нови автомобили следната година?

Супермен

23/05/2023

14:34

6.403

Големина на фонт

а а а

Црната кутија веќе со децении се вградува во авионите, а од 7-ми јули 2024-та година таквата контролна кутија ќе биде задолжителна и во сите нови автомобили.

Системот трајно ќе забележува податоци за возилото, но ќе ги чува само кога ќе се мине одреден праг на активација. Ако сензорите откријат несреќа, на пример, или ако контролната единица на автомобилот сигнализира дека судир е неизбежен. Снимките се многу кратки: 5 секунди пред и 300 милисекунди по несреќата.

Неколку фактори може да поттикнат снимање.

Меѓу другото, промена на брзината за повеќе од 8 км/ч за 150 милисекунди, активација на затегнувачите на безбедносните појаси, детонација на воздушните перничиња, активација на активниот капак на моторот и заден судир, пишува германски „ADAC“.


Податоците ќе може да се читаат преку вградената дијагностика во интерфејсот (OBD) или преку управувачките единици на воздушното перниче ако „OBD“ е уништен во несреќата. Податоците кои чуваат се брзина на возењето, положбата на педалата за гас, активноста на „ABS“ и контрола на стабилноста, како и аголот на управување.

Во случај на несреќа, меѓу другото се бележат и промени во воздушната и страничната брзина, статусот на безбедносните појаси, светлото за предупредување на воздушните перничиња и времето на активирање на воздушните перничиња, наведува „RevijaHAK“.


Податоците ќе се читаат по налог на судија или државно обвинителство. Потоа се праќа вештак да ја разјасни несреќата. Возачот не мора секогаш да го одобри тоа. Но, може да се случи интересот за кривично гонење да надвладее над интересот за заштита на лични податоци.

Тоа може да биде случај, на пример, ако е потребно да се разјасни како дошло до несреќа со тешки повреди или смртни случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk