За разлика од некои други ѕвезди, тој избрал автомобил произведен во Америка.
Притоа не оставил многу компромис, туку решението го пронашол кај „Hennessey“. А тоа значи само едно: Џордан, го сака, ако не најмоќниот, тогаш барем еден од најбрзите автомобили на светот. И го одбрал токму тоа – „Venom F5“ кој наводно може да ја пробие границата од 500 километри на час.
Today was a special day. Such an honor to build a special Venom F5 for a special friend ? #hennessey #venomf5 #airjordan #goat #nike
Posted by Hennessey Performance on Friday, 19 May 2023
Досега веќе научивме дека „Hennessey“ не поставува граници, туку ги брише. Еднаш „му го зема скалпот“ на „Bugatii“, а веројатно тоа ќе го направи и втор пат. За автомобилот кој го избра Џордан се е кажано, тоа може да се срочи во една реченица – најсериозен хиперспортски автомобил кој Америка некогаш го имала.
Џордан исто така се запишал на листата со 30 имиња кои успеале да се изборат за својот примерок „Venom F5“, и тоа „роудстер“ изведба. Џон Хенеси објави фотографија со славниот спортист, но не го откри и самиот автомобил. Гледаме само детаљ, а тој покажува откриени карбонски делови од каросеријата и ентериерот. Црни се и тркалата, па единствени контрастни детали на автомобилот одат на сметка на тенките жолти линии.
Потсетуваме, „Venom F5“ го придвижува 6.6 V8 Twinturbo кој дава 1.842 коњски сили и 1.617 Nm, а 300 километри на час постигнува за помалку од 10 секунди. Цената на овој примерок не е позната, но сосема е сигурно дека е повеќе од 2 милиони долари.