Маск има причина за славење: „Tesla Model Y“ е најпродаван автомобил на светот

Точка

26/05/2023

12:13

11.275

Големина на фонт

а а а

Ова се податоците на една маркетиншка компанија и не се 100 проценти точни и сепак постои можност дека „Model Y“ сепак не е најпродаван на светот во првиот квартал.

Илон Маск кон средината на минатата година рекол дека очекува дека во 2023-та година најпродаван автомобил на светот да биде „Tesla Model Y“. Иако до крајот на годината остана уште многу време, ако се водиме по поговорката „денот по утрото се познава“, изгледа дека неговата најава би можела да се покаже како точна.

Имено, според податоците кои ги објави експертот за автомобилска индустрија Фелипе Муњоз од маркетиншката компанија „JATO Dynamics“, во првиот квартал од оваа година токму „Model Y“ го заземал првото место на глобалниот пазар и станал најпродаван автомобил на светот.


Треба да се нагласи дека извештајот според кој „Model Y“ е прогласен за најпопуларен се базира на комбинација од податоци на компанијата „JATO“ од 53 пазари, официјални податоци и проценки има од 31 пазар, додека за остатокот од светот нивните податоци не покажуваат целосно точни бројки.

А според тие податоци, во текот на првото тримесечје „Tesla“ продала повеќе од 267.000 парчиња „Model Y“,. Тоа е пораст од речиси 70 проценти во однос на истиот период минатата година. Од друга страна, досегашниот лидер на пазарот, „Toyota Corolla“ забележала пад на продажбата од речиси 30 проценти на кинескиот пазар и 10 проценти на пазарите во САД. Бројот на продадени „Короли“ е нешто поголем од 256.000 парчиња во текот на првиот квартал и ќе биде интересно да се види каква ќе биде побарувачката за ова возило до крајот на годината и дали повторно ќе избие на првото место.


По „Corolla“ трет најпродаван автомобил е „Toyota Hilux“ (225.000 продадени автомобили), потоа следат „RAV4/Wildlander“ (211.000) и „Camry“ (166.000).

Со оглед на тоа дека сите овие податоци не се сто проценти точни, јасно е дека треба да се земат со одредена доза на внимание. На „Teslarati“ е наведено дека „Corolla“ е посебно популарна на пазарите во развој и дека е можно овој модел на „Toyota“ и натаму да е најпродаван на светот. Но, овие бројки сепак покажуваат дека популарноста на „Model Y“ е сè поголема и дека би можело да се случи за прв пат во историјата најпродаван да биде еден електричен автомобил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг