Јокиќ го вози кралот помеѓу теренците: Во гаражата има „ѕвер“ од 800 коњски сили, само 10 луѓе на планетата го поседуваат овој автомобил

Супермен

26/05/2023

23:37

19.491

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ се наоѓа на прагот на освојување на НБА прстенот.

Неговиот тим Денвер Нагетс го елиминираше Лос Анџелес Лејкерс во финалето од Западот со 4:0, а сега го чека ривалот од серијата Бостон – Мајами.

И додека цел свет му се воодушевува на вештините и квалитетите помеѓу двата обрачи, љубителите на брзината исклучително ги привлекува неговиот возен парк.

Познато е дека Јокиќ обрнува големо внимание на коњите, но и оние „коњи“ во неговата гаража не се за занемарување. Напротив!

Секако, главната ѕвезда на возниот парк е „Mercedes-AMG Brabus“, „бесна машина“ од 800 коњски сили.

Медиумите наведуваат дека Јокиќ во својот возен парк ги има следните автомобили:

Mercedes-AMG G 63 Brabus

Овој „ѕвер“ на 4 тркала претставува доработен „Mercedes-AMG G 63“ кој е доведен до ниво на суперексклузивност, со уште поимпресивни перформанси. Поседува 800 коњски сили и ентериер во жолта кожа, а од 0-100 км/ч. стигнува за околу 4,3 секунди.


Станува збор за автомобил од лимитирана серија од само 10 примероци.

Rolls-Royce Cullinan

Јокиќ позирал покрај најлуксузното SUV возило на светот. Фотографијата се појави на профилот на некогашниот соиграч на Никола, Вил Бартон и веднаш привлече големо внимание.

Тој позирал покрај „кралот на теренците“, „Rolls-Royce Cullinan“, додека Бартон ја одбрал лимузината „Ghost“. Неодамна на Инстаграм се појави и фотографија од Јокиќ зад воланот на „Rolls-Royce“ на која се гледа раскошниот ентериер.

Lamborghini Aventador S

Не треба да се трошат многу зборови на ова италијанско ремек-дело од суперавтомобил. Во случајот на Јокиќ, доколку навистина го купил, тој е доставен во посебна двобојна шема на фарбање.

Под поклопецот се крие V12 мотор со 740 коњски сили. Максималната брзина е 350 км/ч., додека од 0-100 км/ч. забрзува за импресивни 2,9 секунди.


Lamborghini Huracan

Јокиќ е висок 211 центиметри и игра на позиција центар, па една објава на социјалните мрежи на која се гледа како излегува од „Lamborghini Huracan“ предизвика шеговити реакции.


Овој автомобил поседува V10 мотор кој испорачува околу 600 коњски сили.

Porsche Panamera Sport Turismo Mansory

Можеби најмоќниот караван на денешницата, „Porsche Panamera Sport Turismo“, доработен во тјунинг компанијата „Mansory“, е еден од бисерите во автомобилската колекција на Јокиќ. Дизајнот со бројни измени на каросеријата во црвено-црна боја ги привлекува сите погледи на улиците, како и звукот кој доаѓа од ауспухот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk