По повод 110-годишнината: Астон Мартин го претстави својот најнов модел „DB12“

Точка

26/05/2023

18:12

11.926

Големина на фонт

а а а

Британската фабрика го опишува и како „првиот светски супер турер“. „DB12“ доаѓа во година во која „Астон Мартин“ слави 110-годишнина.

„Астон Мартин“ е основан во 1913 година од Лајонел Мартин и Роберт Бамфорд, почнувајќи со мала работилница. Во текот на следните 110 години, овој производител продал повеќе од 110.000 автомобили и направил многу успешни тркачки автомобили.




Прославата ќе се одржи на неколку места ширум светот, вклучувајќи го и „Goodwood Festival of Speed i Pebble Beach Concours d’Elegance“. Покрај 110 роденден на брендот, во 2023 година се одбележуваат и 75-годишнината од моделот „DB“, 60-тиот роденден на „DB5“ и 20 години откако производителот на автомобили го преселил своето седиште во Гејдон.




Да се навратиме на „ДDB12“, кој во споредба со својот претходник „DB11“ доаѓа со нов преден браник, поголема решетка, истакнат сплитер, LED фарови со еволутивен дизајн, нова хауба и ревидиран амблем „Астон Мартин“. Исто така, значајни се новите 21-инчни тркала (8 кг полесни од 20-инчните кои се наоѓаат на „DB11), како и гумите „Michelin Pilot 5 s“ кои содржат полиуретанска пена, која ветуваат дека ќе го намалат „зуењето“ на гумите во кабината за 20%.



За внатрешноста, дизајнерите на Астон Мартин подготвија нов волан, модерна дигитална табла и потполно нов 10,25 инчен инфотејнмент систем, со Android Auto и Apple CarPlay, како и 4G конекција, гласовен асистент и поддршка за безжично надградување на системот. Покрај поквалитетните материјали, треба да споменеме и ротациски контролор кој овозможува лесен пристап до пет различни начини на возење. Аудиосистемот со 11 звучници доаѓа стандарден, додека bowers & wilkins премиум аудиосистемот со 15 звучници исто така се нуди како опција. Седиштата Sports Plus и Carbon Fiber Performance се исто така опционално достапни, обложени со: алуминиум, дрво или јаглеродни влакна.




Што се однесува до моторот, тоа е 4.0-литарски V8 твин-турбо на Mercedes со 500 kW/680 КС и 800 Nm вртежен момент, поседува менувач со осум брзини произведен од „ZF“. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 3,6 секунди, додека максималната брзина е 325 km/h. DB12 вози на редизајнирана шасија која е 7% поцврста, а автомобилот доаѓа и со пошироки тркала, електронски диференцијал со ограничено лизгање, подобрен електронски систем за контрола на стабилноста, како и опционални карбон-керамички сопирачки.

„Астон Мартин DB12“ на пазарот ќе се појави во третиот квартал од оваа година (по цена од околу 185.000 фунти или 212.905 евра“, а подоцна се очекува и „DB12 Volante“


.




Спонзорирани линкови

Маркетинг