Се продава најскапата "Lada" во историјата

Точка

27/05/2023

16:15

13.458

Големина на фонт

а а а

Продавачот за оваа „Lada“ бара сума за која може да се купи сосема ново „Ferrari 296 GTB“.

Култната „Niva“ се продава повеќе или помалку непроменета од 1977 година и до ден денес продадени се милиони примероци. Култниот статус го осигурала со нејзините супериорни теренски својства, а се издвојува по својата робустност, ниски трошоци за одржување и сè што е потребно за идеално работно возило.


Токму затоа „Niva“ никогаш не била цел на колекционерите, туку се сметала за работно возило создадено да му служи на сопственикот. Токму затоа верзиите со 1.6 мотор и класичен карбуратор речиси изумреа, а на нашиот пазар темелно обновените верзии чинат и до 3.000 евра.


Еден Русин купил таква „Niva“ во 1980 година и оттогаш ја чувал под најлон. Прекрасниот црвен примерок оттогаш поминал само 220 километри и е во беспрекорна состојба, достоен за изложување во музеј. Автомобилот сега е на продажба – сопственикот го понудил преку онлајн огласникот auto.ru, а привлече внимание не само поради неговата реткост, туку и поради цената.


Верувале или не, продавачот за овој автомобил бара неверојатни 23 милиони рубљи, што е околу 270.000 евра. Износот звучи неверојатно, особено што класичната „Niva“ сè уште е достапна на рускиот пазар, а нејзината цена започнува од 821.900 рубљи или 9.600 евра. Во исто време, благодарение на понапредниот мотор, новата „Niva“ троши помалку и нуди повеќе опрема, а според многумина и изгледа подобро. Некако се сомневаме дека „старо-новата“ „Niva“ ќе успее да смени раце.

Оригиналниот оглас и фотогалеријата можете да ги најдете ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг