249 возачи казнети за брзо возење

Макфакс

01/08/2023

10:02

1.102

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 249 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.