Експертите од Харвард советуваат: Еве како треба да изгледа детската чинија со храна

Точка

29/09/2023

10:45

6.599

Големина на фонт

а а а

Децата растат и се развиваат, а за овој процес им треба цела палета на хранливи материи. Правилната исхрана им обезбедува протеини, витамини и минерали кои се неопходни за развој на здрави коски, мускули, органи и ткива.

Децата обично се поактивни од возрасните и имаат потреба од енергија за да ги задоволат потребите за физичка активност и игра.

Експертите од Факултетот за јавно здравје при Харвард, објасниле како треба да изгледа детската чинија.


„Половина од чинијата наполнете со шарени овошја и зеленчук, а другата половина поделете ја рамномерно помеѓу цели зрна и здрави протеини“, советуваат тие.

Колку повеќе зеленчук и овошје, толку подобро

Експертите советуваат децата да консумираат различни видови и бои на зеленчук за да ги внесат потребните хранливи материи во организмот. Тие предлагаат зеленчук со помалку скроб, а повеќе зелен, лиснат зеленчук. Исто така, кога станува збор за овошјето, напоменуваат дека е подобро тоа да биде цело овошје, а не овошни сокови, чиј внес треба да се ограничи на една мала чаша дневно.


Намалете го внесот на преработени житарки

Кога станува збор за житариците, тие треба да сочинуваат 30% од исхраната. Се препорачуваат интегрална пченица, кафеав ориз и киноа, а не преработени видови како бел ориз, леб и тестенини.

Протеините се исклучително важни

Експертите забележуваат дека децата мора да консумираат протеини и од растителен и од животински извор. На родителите им се предлага да им послужат на децата грашок, јаткасти плодови, семки, риба, јајца и живина, додека внесувањето на црвено и преработено месо треба да се намали. Исто така треба да се внимава и на сервирањето на добар дел од овие продукти, со цел јадењето на детето да е безбедно, без ризик од давење.