Парис Хилтон прошетала рамо до рамо со најголемите модни ѕвезди на модната ревија на брендот „Mugler“, меѓутоа, поради својот од била брутално исмеана на социјалните мрежи.
Големиот момент за Парис Хилтон го засениле реакциите на социјалните мрежи откако видеото од нејзиното појавување на пистата било објавено, а во немилосрдните коментари нејзиниот од бил спореден со оној на кокошка.
Британски „Vogue“ објавил видео од нејзиниот од, од ревијата на социјалната мрежа Инстаграм во вторникот, а Хилтон носела црн, мини фустан.
Нејзиниот изглед во комбинација со парот необични закривени чевли на висока потпетица, можеби и била причината поради нејзиниот чуден од којшто ги поттикнал корисниците на социјалните мрежи да се шегуваат на нејзина сметка.
На Твитер имало најмногу шеги, а еден од твитовите гласел: „Вака одам кога еднаш годишно ќе облечам високи потпетици“.
paris hilton walking for the mugler show ✭ pic.twitter.com/C0JWUskatD
— DIDU (@muglare) October 2, 2023
„Вака одам кога сум пијана, а се обидувам да докажам дека не сум“, „Жал ми е, но зошто оди како RoboCop? Ми се допаѓа облеката“, биле дел од другите коментари,а еден корисник прашал: „Зошто оди како кокошка?“.
Имало и такви кои ја бранеле Парис Хилтон, тврдејќи дека таа има свој стил и начин на од уште од 90-тите години.
Што мислите вие за ова појавување на Парис Хилтон?