Британец кој 15 години бил на боледување ја тужи компанијата бидејќи не му ја зголемила платата во тој период

Супермен

25/10/2023

13:50

5.228

Големина на фонт

а а а

Иан Клифорд, 50-годишен IT вработен во технолошкиот гигант „IBM“ ја тужел компанијата затоа што не му ја зголемила годишната плата од 62.000 евра за 15-те години колку што бил на боледување.

Клифорд тврди дека бил жртва на дискриминација поради инвалидитетот во „IBM“ бидејќи неговата плата не била зголемена во 15-те години колку што бил надвор од работа. Тој изјавил дека „не е алчно да сака зголемување на платата“.

IT специјалистот добива повеќе од 62.000 евра годишно според здравствениот план на „IBM“ и загарантирано ќе прима плата до 65-годишна возраст.


Сепак, Клифорд тврди дека тоа „не е доволно дарежливо“ бидејќи неговата плата ќе „овене“ со текот на времето поради инфлацијата.

Овој 50-годишник во 2008 година заминал на боледување поради ментално здравје, а во 2012 година му била дијагностицирана леукемија во четврта фаза.

Сепак, минатата година тој ја тужел компанијата за дискриминација во поглед на инвалидитет бидејќи компанијата не му ја покачила платата од 2013 година.

Сепак, судот за вработување во Ридинг, Беркшир, ја отфрлил неговата тужба, а судијата му рекол на Клифорд дека му била дадена „многу значајна бенефиција“ и „поволен третман“.


Зборувајќи за првпат по пресудата, Клифорд изјавил дека сака да биде сигурен дека неговиот син е згрижен и дека шансата тој да живее до 65 години е „малку веројатна“.

„Јас сум на хемотерапија, бев долги години и бев исклучително лошо. Вашата плата влијае на отплата на долговите, пензијата и сè останато, тоа беше повеќе за моето семејство. Луѓето можеби мислат, да, дарежливо е тоа што тој го добива, но прво тие суми се бруто и не се оданочуваат... Јас плаќам државно осигурување на тие износи“, изјавил тој за „The Telegraph“.

Клифорд во 2013 година се пожалил дека во периодот од кога е на боледување не добил покачување ниту регрес, а потоа се договорил со фирмата да биде на платен список без работни обврски поради неговата здравствена состојба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk