[ВИДЕО] Брачен пар посвоил девојче од Уганда мислејќи дека е злоставувано: Кога научило англиски, ја дознале нејзината хорор приказна

Точка

10/11/2023

11:38

5.336

Големина на фонт

а а а

Посвојувањето деца од земјите од третиот свет во последните неколку години стана популарно кај богатите западни семејства. На пример, Анџелина Џоли и Мадона го направија тоа.

Сепак, колку и тоа да звучи позитивно, секогаш има зли луѓе кои се подготвени да ги искористат тешките животни приказни и децата за да дојдат до финансиска корист.

Џесика и Адам Дејвис од САД веќе имале 4 деца, но сепак решиле да посвојат уште едно дете, 6-годишно девојче од Уганда. Им било кажано дека малата Намата останала без семејството. Татко ѝ починал, а мајка ѝ не се грижела за неа, па таа никогаш не ја испратила на училиште.

Агенцијата за посвојување му соопштила на семејството Дејвис дека нејзината мајка не може да се грижи за неа и дека посвојувањето би било исправно решение. Тие се согласиле и ја посетиле во Уганда во 2015 година, но не во нејзиниот дом туку во сиропиталиште во кое немала играчки, имала решетки на прозорците...

Девојчето веднаш ги освоило, па одлучиле да ја посвојат и да ја однесат со себе во САД. Но, штом научила англиски, Намата почнала да им кажува колку ѝ недостига нејзината мајка. Сè што им кажала било сосема спротивно од она што тие го слушнале од агенцијата за посвојување.


Сè било апсолутна лага. Тие сфатиле дека се измамени и посвоиле дете кое всушност живеело среќно со мајка си. Џесика и Адам ги известиле институциите и успеале да стапат во контакт со мајката на Намата.

Она што го виделе во никој случај не била вообичаена реакција на малтретирано дете. Напротив, Намата била пресреќна која ја видела мајка си преку видео повик. Со нејзината биолошка мајка се договориле да ја образуваат и да ја вратат дома кога ќе го заврши образованието.

„Единствената траума која ја доживеа ова дете беше последица на тоа што ние сакавме дете и тоа ѝ го кажавме на агенцијата. Била среќна дома со нејзината мајка додека не ја киднапираа и донесоа“, вели Адам.


Организацијата „Reunite Uganda“, која се занимава токму со вакви проблеми, подоцна дознала дека Намата практично била киднапирана од нејзиното семејство заедно со уште 7 деца од нејзиното село и испратена во сиропиталиште за измамниците да дојдат до пари.

Семејството Дејвис знаело дека нејзиното посвојување е измама, па по една година ја вратиле Намата во Уганда, каде што сега живее со нејзината мајка. Иако се чинело дека ќе остане без семејството, нејзината приказна добро завршила, а во семејството Дејвис пронашла добри пријатели кои веројатно ќе останат во контакт со неа до крајот на животот.