По 22 години во бегство, полицијата во Скопје го уапси „командант Бреза“

Нетпрес

03/06/2025

12:54

6.742

Големина на фонт

а а а

Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, кој беше во бегство од 2003 година, вчеравечерта е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка. Тој бил осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избегал од Македонија и се барал со меѓународна потерница.

Тој бил апсен во скопско Ченто, односно местото викано Камник.

„На 02.06.2025 на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик“, велат од МВР

Во 2005 година, при претреси кај него беа најдени купишта оружје. Од униформи, минофрлачи, гранати за РПГ, тенковски гранати до тешко воено оружје и 300 илјади парчиња куршуми.

Бреза е гонет по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик.


По член 123 став 1 значи дека лишил од живот друго лице за кое ќе се казни со затвор најмалку пет години, а во став 3 се вели „друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност животот на уште некое лице“.

Членот 215 од Кривичниот законик е за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори каде штои казните се од три до десет години затвор.

Во став 1 вели „тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години. Но став 2 предвидува помала казна: „Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години“.

Според член 396, кој е за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, се предвидува казна од три до десет години затвор.

Со членот 158 се изрекуваат казни за спречување на избори и гласање, каде што се предвидени затворски казни од 3 до 5 години.

Додека членот 237 опфаќа тешки разбојништва при што е предвидена казна и доживотен затвор, ако некое лице е лиешно од живот со умисла. Друите казни по овој член се од една до пет години, осум и десет години затвор.