Бизарна снимка од Русија: Скапоцен „Maybach“ пренесуван на кров на „Toyota“

Точка

13/11/2023

15:53

3.488

Големина на фонт

а а а

Несекојдневно видео се појавило на каналот на Јевгениј Чеботарев, познат по неуспешниот обид со „Lada Niva“ да „прелета“ од еден на друг кров од зграда.

Од „истата кујна“ доаѓа бизарна снимка од улиците на Ростов на Дон, на која може да се види „Mercedes-Maybach“ тежок повеќе од два тони, кој се пренесува на кровот на „Toyota Land Cruiser“.

Интересно е дека, без видливи поголеми модификации на кровот, овој „Land Cruiser“ пренесува значајно потежок товар од оној кој произведувачот го декларира во официјалните податоци.

Авторите на ова неконвенционално решение составиле соодветна платформа која би требало да симулира кровна корпа. Изненадувачки, домашната инсталација ја врши работата сосема солидно.

Притоа внимание е посветено и на деталите, па руските иноватори на „Maybach“-от ставиле безбедносен триаголник.