[ВИДЕО] Хју Џекмен покажа како се враќа во форма достојна за Волверин

Супермен

17/11/2023

14:01

3.709

Големина на фонт

а а а

Ако мислевте дека Хју Џекмен може да забави со животот бидејќи има 55 години, се излажавте. Актерот се враќа во форма за улогата на Волверин во филмот „Deadpool 3“ кој би требало да пристигне во киносалите на 26-ти јули следната година.

Џекмен секојдневно тренира за да изгради силни мускули, а „мртвото кревање“ (deadlift) е неговата омилена вежба за побрзи резултати. Секојпат кога ќе кренете кутија, торба, дете, мало куче или што било друго, правете „мртво кревање“.

Многу луѓе креваат предмети од земја на погрешен начин, повлекувајќи ги само со грбните мускули, а не користејќи ги нозете и остатокот од телото. Изведувањето „мртво кревање“ може да ве научи да ги кревате работите на правилен начин - свиткајте се во колковите, држете го телото затегнато, држете го грбот исправен и активирајте ги мускулите на нозете. Со тоа ќе го намалите ризикот од повреда при извршување на некои од секојдневните активности.

Дедпул повторно ќе го отелотвори Рајан Рејнолдс, кој исто така напорно тренира. Тој за помош му се обратил на тренерот на познатите личности Дон Саладино, со кого соработуваше и за двата претходни филмови од франшизата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk