Во овој европски град нема ниту еден „стоп“ знак: Туристите се збунети, но статистиката покажува дека имаат помалку несреќи од другите метрополи

Супермен

20/11/2023

18:03

3.055

Големина на фонт

а а а

Возењето во кој било огромен град може да биде многу стресно, без разлика колку е искусен возачот. Непознати улици, гужви, бројни ленти, свиоци, кружни текови, семафори... Сето тоа бара голема концентрација и значителна количина на нерви.

Не е исклучок ниту француската метропола, прекрасниот Париз, градот на светлината, градот на уметноста, љубовта... И град без ниту еден „стоп“ знак!


Во Париз има повеќе од 6.100 улици на кои сообраќајот е често хаотичен, од онаа најпознатата, Шанз-Eлизе, преку бројните помали и пристапни улици без бариери меѓу коловозните ленти, сè до познатата Етоал и огромен кружен тек на кој се спојуваат дури 12 различни улици. И сето тоа без ниту еден знак „стоп“, на кој се навикнати возачите во речиси сите делови на светот. Од друга страна, сите други сообраќајни знаци постојат на париските патишта.

Но, зошто Парижаните одлучиле дека не им треба „стоп“ знак? Објаснувањето е сосема банално: возилото од десната страна секогаш има првенство на минување, без разлика дали се работи за раскрсница или кружен тек, па затоа нема потреба од дополнителен знак. Можеби и се во право.


Иако запирањето (или незапирањето) на поопасни раскрсници е препуштено на проценката на возачот, статистиката за несреќи покажува дека од 2009 до 2012 година, во Париз имало една четвртина помалку сообраќајни несреќи во однос на Рим и една третина помалку во однос на Лондон. Се чини дека недостигот на „стоп“ знаци не влијаел значително на нивната црна статистика.

Интересно е што своевремено во градот имало само еден „стоп“ знак, кој станал своевидна атракција. Тој се наоѓал на улицата Кеј Сен-Егзипери во близина на брегот на Сена. Пред 10 години мистериозно исчезнал и оттогаш не е поставен нов знак.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk