Ал Пачино на неодолив начин им покажува каде им е местото на луѓето кои ќе го предадат: „Доколку блиска личност ве повреди, направете го ова...“

Супермен

27/11/2023

12:33

5.028

Големина на фонт

а а а

Секој од нас добро би требало да ја научи животната лекција на Ал Пачино. На личноста која ве издала покажете ѝ го местото на љубезен начин.

Ал Пачино е еден од најценетите и најталентирани актери во историјата на американската филмска индустрија. Низ својата импресивна кариера која трае повеќе од пет децении, тој освоил бројни награди и стекнал статус на икона во светот на глумата.

Првиот значаен успех го постигнал со улогата во филмот „The Godfather“ (1972 година) каде го толкувал ликот на Мајкл Корлеоне. Оваа улога му ја донела и првата номинација за Оскар и ги поставила темелите на неговата исклучителна кариера.


Еден од врвовите на неговата кариера е филмот „Scarface“ (1983 година) каде брилирал како Тони Монтана создавајќи го еден од највпечатливите филмски ликови некогаш. А, потоа брилирал и во „Scent of a Woman“ (1992 година), а за таа улога добил и Оскар за најдобар актер, а подоцна и за улогата во филмот „Heat“ (1995 година).

Ал Пачино и натаму е активен во филмската индустрија, а неговиот талент и посветеност остануваат неоспорни. Иако важел за голем заводник тој никогаш не се оженил. Но, има три деца, Џули Мари и близнаците Антона и Оливија.

Освен прекрасната глума и неговите легендарни изјави се паметат веќе со децении. А, ставот на Ал Пачино кон блиските кои ќе го издадат и повредат секој од нас би требало да го усвои.


„Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат своите деца, оние кои се колнеле на вечна љубов преку ноќ стануваат рамнодушни, мажите ги оставаат жените, сите тие ситуации се дел од животниот пат. Кога некој ќе нѐ повреди важно е да запаметиме: Тоа не се случило затоа што ние сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога врне дожд не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме лошото време да помине“, објаснил актерот и додал:

„Штом ќе го сфатите ова, ќе станете имуни и ментално појаки. Овој став треба почесто да го применуваме. Луѓето премногу време трошат во барање на вината во себе, а тоа не помага ни најмалку“.


А, актерот има и подготвено решение за таквите болни ситуации:

„Не продлабочувајте ја кавгата и не трошете време на луѓе кои ве повредиле. Јас не се вртам по нив и не размислувам претерано за тие ситуации. Немам време да ги мразам оние кои мене ме мразат, премногу сум зафатен со оние кои ме сакаат“, заклучил холивудскиот актер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk